Њујорк: Посета на италјанскиот премиер Силвио Берлускони

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони оцени дека треба да се забрза етаблирањето на ирачките безбедносни сили како дел од примо-предавањето на власта на ирачаните на 30-ти јуни. Берлускони вчера во Њујорк разговараше со гереалниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, а денеска во Вашингтон ќе се состане и со американскиот претседател Џорџ Буш.