Ватикан: Папата го прославува 84 роденден

Папата Јован Павле Втори денеска го прославува својот осумдесет и четврти роденден. По тој повод е планирано објавувањето на неговата книга под наслов,,Стани. Ајде да одиме,, во која е опфатен неговиот живот во Полска до 1978 година кога беше избран за Папа. Јован Павле пред извесно време стана трет Папа во историјата на Римокатоличката црква со најдолг мандат.