Белград: Сестрата на убиениот српски премиер Ѓинѓиќ во болница, откако била нападната

Сестрата на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ Гордана Ѓинѓиќ Филиповиќ синоќа била хоспитализирана во Воено-медицинскиот центар во Белград откако била напдната од непознати вооружени лица во близина на Ваљево, за кои се претпсотавува дека имаат врска со прво-обвинетиот Милорад Луковиќ Легија. Живот на сестрата на Ѓинѓиќ на која напаѓачите и вбризгаале одреден тип инјекција не е во опасност јавуваат агенциите.