Наџаф: Американските сили влегле во внатрешноста на градот

Американските сили кои се борат против милитантите на Моктада Ал Садр влегле со тенкови во внатрешноста на Наџаф и ги нападнале позициите на неговата Мехди Армија. Во текот на борбите биле убиени најмалку 4 ирачани. Борби избувнале и на патот меѓу Наџаф и Куфа кде што се очекува радикалниот клерик Ал Садр да ја одржи редовната петочна молитва.