Газа: Десетмина Палестинци загинаа во израелски напади

Израелски хеликоптери денеска извршиле два ракетни напада во Појасот Газа при што најмалку 10-мина палестинци загинале, а дваесетина биле повредени. Според израелската армија цел на нападите биле група милитанти за кои се смета дека стрелале врз израелски војници.