Скопје: Бранко Црвенковски прогласен за претседател на Македонија

Бранко Црвенковски денеска официјално е прогласен за трет претседател на Република Македонија. Тој денеска положи заклетва на свечена собраниска седница со што е инаугуриран за трет претседател на Република Македонија, од нејзиното осамостојување во 1991 година. На свечената седница присуствуваа бројни гости од домашниот јавен и политички живот, како и сите странски претставници во Македонија. Опозицијата претседателските избори ги прогласи за фалсификувани и нерегуларни и поради тоа не присуствуваше на седницата.