Багдад: На Интернет прикажана егзекуција на американски цивил

На интернет страницата која се поврзува со терористичката мрежа Ал Каида се пренесува видео снимка на која е прикажно како исламски милитанти му ја отсекуваат главата на еден американски цивил во Ирак. Маскирано лице на снимката, соопштувајќи дека станува збор за дваесет и шест годишниот Ник Берг, го извршува убиството за кое вели дека е одговор за злоставувањето на ирачките затвореници. Портпаролот на Белата Куќа Скот Меклилан оцени дека снимката ја покажува, како што рече, вистинската природа на непријателите на слободата. Тој најави дека Соединетите Држави ќе ги фатат егзекуторите на Ник Берг.