Карбала: Голема операција на американските сили

Американските сили во Ирак синоќа почнаа голема операција околу џамијата во центарот на Карбала што ја држат радикалите на шиитскиот свешетеник Моктада Ал Садр. Американските војници, поддржани од тенкови и оклопни возила, како што јавуваат агенциите, се уште се соочуваат со силен отпор и оти зградите околу џамијата биле уништени. Според болнички извори, во досегашните борби загинале над дваесетина шиити.