Скопје: Утре посета на Бајрам Реџепи

Косовскиот премиер Бајрам Реџепи утре, како што јавува МИА, ќе допатува во Скопје за да учествува во дебатата организирана од форумовиот Центар за стратегиски истражувања, проект спонзориран од швајцарската влада. Во рамките на посетата Реџепи, меѓу другото, ќе има средби со претставници на македонската влада и со на поголемите парламентарни партии од власта и од опозицијата.