Ајара: Протести против Абасхидзе

Во Грузискиот регион Ајара растат протестите против владеењето на лидерот Абасхидзе кој прогласи вонредна состојба и презеде мерки против демонстрантите. Претседателот на Грзија Михаил Шакашвили вчера ги повика безбедносните сили во Ајара да ги одбијат наредбите на Абасхидзе, објавувајки дека вонредната состојба е нелегална. Претседателот го повика лидерот на Ајара да ги разоружа парамилитарните сили и да ја признае власта на ценнтралната влада во Тбилиси до понеделник 12 Мај.