Истанбул: Турската полиција уапсила 16 исламистички милитанти

Турската полиција соопшти дека уапсила шеснаесет исламистички милитанти за кои постои сомневање дека планирале бомбашки напад за време на самитот на НАТО што во идниот месец треба да се одржи во Истанбул. Се прецизира дека тие биле уапсени во полициската операцијата спроведена во северозападната провинција Бурса и оти станува збор за членови на Ансар ал Ислам, организација која има тесни врски со терористичката мрежа Ал Каида.