Белград: Милорад Луковиќ Легија им се предал на српските власти

Српската полиција соопшти дека Милорад Луковиќ Легија, главно обвинетиот за минатогодишниот атентат врз премиерот Зоран Џинџиќ, синоќа им се предал на српските власти. Министерот за внатрешни работи Драган Јоциќ изјави дека Легија, кој се наоѓаше во бекство од атентатот врз Џинџиќ, се предал пред неговата куќа во Белград. Нему од декември минатата година му се суди во отсуство, заедно со уште неколкумина други од таканречениот Земунски клан.