Богота: Најмалку 23 деца загинаа во сообраќајна несреќа

Во сообраќајна несреќа на училишен автобус во главниот град на Колумбија Богота најмалку 23 деца загинале, а околу 30 биле повредени, јави ројтер. Според полицијата, несреќета се случила кога едно тешко возило за градежнички работи се лизнало од планински пат и паднало врз автобусот кој бил на автопат.