Индија: Насилство за време од третата фаза од парламентарните избори

За време на третата фаза од парламентарните избори во 11 држави на Индија, како што јавуваат агенциите, е регистрирано насилство. Во Кашмир, Асам и Бихар, каде што сепаратистите и маоистичките бунтовници се противат на изборите, во предвечерието на изборите загинале 6 лица. На изборите во Индија во пет фази 670 милиони гласачи бираат 543 членови на парлементот. Гласањето започна на 20 Април, а треба да заврши на 10 Мај.