Софија: Конвојот на Парванов нападнат во Ирак

Бугарското министерство за одбрана денеска соопшти дека конвојот на претседателот Георги Прванов вчера бил цел на напад за време на посетата на бугарските трупи во Ирак. Непознати напаѓачи стрелале врз конвојот на Прванов кога тој се движел меѓу базите на полскиот и бугарскиот контигент војници во Карбала каде што шиитските милитанти во минативе недели започнаа напади врз американските сили. Од 450 бугарски војници кои служат во Ирак под полска команда досега животот го загубија шестмина.