Париз: Разговори на Ширак со специјалниот пратеник на ОН за Ирак

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Ирак, Лахдар Брахими денеска во Париз ќе разговара со францускиот претседател Жак Ширак. Брахими оцени дека до 30-ти јуни може да биде формирана привремената ирачка влада и оти тој рок за предавање на суверенитетот од американската коалиција на ирачаните не треба да биде пролонгиран.