Вашингтон: Сојузничката коалиција во Ирак останува цврста

Белата Куќа соопшти дека и покрај одлуката на Шпанија, Хондурас и Доминиканската Република да ги повлечат своите трупи од Ирак, сојузничката коалиција останува цврста. Шпанскиот министер за надворешни работи Мигуел Анхел Моратинос на разговорите во Вашингтон со американскиот државен секретар Колин Пауел ветил нов вид соработката со Соединетите Држави во војната против тероризмот и во стабилизацијата на Блискиот Исток и на Балканот.