Буенос Аирес: Диего Марадона во болница

Фудбалската легенда Диего Марадона е хоспитализиран во Буенос Аирес поради нагло влошување на неговата здравствената состојба. Според лекарите на клиниката, 43-годишниот Марадона, кој пред неколку години се лекуваше од зависност од дрога, има срцеви проблеми, висок притисок и отежнато дишење.