Газа: Хамас именуваше нов лидер, идентитетот тајна

Милитантното исламско движење Хамас денеска именуваше наследник на нивниот лидер Абдел Азис Рантиси откако синоќа тој беше убиен во Газа во ракетен напад од изрелските сили. Поради заканата на Израел дека ќе продолжи да ги убива сите водачи на Хамас ова движење не го соопштува името на новиот наследник. Европската Унија и арапските држави го осудија убиството на Рантиси, додека Белата Куќа во Вашингтон соопшти дека Хамас е терористичка организација која врши напади врз цивили и дека Израел има право да се брани од терористички акции. Во меѓувреме илјадници Палестинци на улиците во Газа и Западниот Брег протестираат, барајќи одмазада за лидерот Рантиси.