Мадрид: Хозе Луис Запатеро положи заклетва како нов премиер

Лидерот на Социјалистичката партија на Шпанија Хозе Луис Запатеро денеска во Мадрид положи заклетва како нов премиер на земјата. На церемонијата кај шпанскиот крал Хуан Карлос присуствуваше и претходниот премиер Хозе Марија Азнар. Социјалистите на Запатеро победија на изборите што беа одржани три дена по минатомесечните бомбашки напади во Мадрид во кои загинаа над сто и деведесет луѓе.