Вашингтон: Средба Буш - Блер

Британскиот премиер Тони Блер денеска во Вашингтон ќе разговара со американскиот претседател Џорџ Буш, главно за ситуацијата во Ирак. Вчера, по средбата со генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, Блер изјави дека ќе биде неопходна нова резолуција на Советот за безбедност во врска со планираната транзиција на власта во Ирак за 30-ти јуни. Анан изрази убеденост дека меѓународната заедница е единствена по прашањето за мирот и стабилноста во Ирак.