Њујорк: Анан го критикуваше Буш за неговата поддршка за Израел

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан го критикуваше американскиот претседател Џорџ Буш за неговата поддршка дека Изарел има право на еврејски населби на окупираниот Западен Брег. Таквиот став, според Анан, нема да придонесе за поттикнување на израелско палестинските мировни преговори. По вшерачната средба во Вашингтон со израелскиот премиер Ариел Шарон, претседателот Буш изјави дека нерелано е да се очекува Израел да се врати на границите од пред Блискоисточната војна во илјада деветстотини шеесет и седмата година.