Брисел: Конференција за Кипар

ЕУ денеска одржува специјална конференција за финансирањето на обединувањето на Кипар. Ова е веројатно последниот поголем состанок пред референдумот на кој ќе се гласа за планот на ОН за обединување на островот. Лидерот на кипарските Грци Тасос Пападопулос, минатата недела јавно го отфрли планот на ОН.