Тексас: Разговори Буш - Мубарак

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во неговиот ранч во Тексас разговараше со египетскиот претседател Хосни Мубарак за развојот на ситуацијата во Ирак и за американската иницијатива за политички и економски реформи во поширокиот регион на Блискиот Исток. Пред разговорите Мубарак го предупреди Вашингтон да не се обидува да имплемнтира такви готови решенија за целиот Блиски Исток. Буш в среда во Вашингтон треба да разговара со израелскиот премиер Ариел Шарон.