Багдад: Ненајавена посета на италјанскиот премиер Силвио Берлускони

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска е во ненајавена посета на Ирак на средба со италијанските војници, соопшти неговиот кабинет. Италијанските сили во изминатите денови беа изложени на жестоки борби со шиитските милитанти во градот Насирија. Берлускони деновиве изјави дека Италија нема да ги повлече своите трупи од Ирак, бидејки, доколку си заминат странските сили, во земјата ќе настане хаос.