Париз: Метрото затворено поради терористичка закана

Станиците долж главната линија на метрото во Париз вчера вечер беа евакуирани, а сообраќајот запрен поради терористичка закана, соопшти локалната полиција. Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) добила анонимно писмо во кое се тврди дека терористи ќе извршат напад во париското метро меѓу 20 часот и 30 минути и 21 часот и 30 минути по средно европско време. Сообраќајот е запрен на линијата РЕР-А и станиците се евакуирани, а затворени се и станиците кои се поврзуваат со оваа линија. Оваа линија го поврзува центарот на Париз со предградијата.