Москва: Продолжува посетата на генералниот секретар на НАТО

Генералниот секретар на Нато Јап де Хооп Схефер изјави дека денеска престојува во Москва за да го убеди руското раководство дека Алијансата нема скриени намери кон Русија и дека од најголем интерес за двете страни е да соработуваат. Схефер ова го изјави за московското радио Ехо пред денешната средба со претседателот Владимир Путин до која доаѓа по неодамнешното проширување на НАТО со седум нови членки од кои некои граничат со Русија.