Москва: Руски експерт обвинет за шпиунажа

Рускиот експерт за контрола на вооружувањето Игор Сутјагин кој беше обвинет дека шпионирал во полза на Соединетите Држави, денеска во Москва е осуден на петнаесет години затвор. Тој беше упасен пред пет години под обвинение дека на една британска фирма, која наводно работела за ЦИА, и продавал информации за руските нуклеарни подморници и ракетни системи.