Индонезија: Денеска парламентарни избори

Во Индонезија денеска се одржуваат парламентарни избори. Околу 147 милиони луѓе имаат право на глас за 7800-те кандидати во Индонезија која е трета по големина демократска земја. Индонезија е светски најголемиот архипелаг од 17 илјади острови кои се простираат во три временски зони. Војската и полицијата ги обезбедува гласачките кутии стравувајки од напади на муслиманските милитанти.