Хаг: Шестмина политички и воени претставници на босанските Хрвати доброволно се предаваат

Шестмина политички и воени преставници на босанските хрвати денеска доброволно отпатуваа за да му се предадат на Хашкиот трибунал. Тие , меѓу кои, и поранешниот министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина Јадранко Прлиќ се обвинети за воен криминал направен за време на војната во Босна и Херцеговина.