Мадрид: Тројца осомничени терористи за нападите во Мадрид се разнесле во предградие на градот

Тројца терористи што се осомничени за неодамнешните напади врз возовите во Мадрид се разнесле во воздух во една зграда во мадридското предградие Леганес, откако објектот бил опколен од полицијата.Министерот за внатрешни работи на шпанија Анхел Асебес соопшти дека во полициската акција загинал еден агент на специјалните сили а 11 полицајци се ранети.