Братислава: Прв круг од претседателските избори

Во Словачка денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. Главни кандидати се актуелниот претседател Рудолф Шустер, министерот за надворешни работи Едуард Кукан и бившиот премиер Владимир Мечијар. Според истражувањата, најголеми шанси имат Кукан од владеачката Демохристијанска унија и Мечијар, кој додека беше премиер беше критикуван за недоволно залагање за воспоставување на демократијата и владеењето на правото во Словачка.