Вашингтон: Буш го потпиша законот за проширување на правата на нероденото дете

Американскиот претседател Џорџ Буш го потпиша законот за проширување на правата на неродените бебиња. Новиот сојузен закон како криминало дело го квалификува убиството или повредата на фетусот што можат да настанат при напад врз трудници. Оние што се за правото на абортус оценија дека овој закон е уште еден чекор кон забраната на абортусот во Соединетите Држави.