Багдад: Одложен саемот на компаниите што треба да учествуваат во обновата на Ирак

Саемот на компаниите вклучени во реконструкцијата на Ирак, што требаше да почне во идната недела во Багдад, е одложен поради безбедносната ситуација во таа земја. До ова дојде по завчерашното убиство на четворица американски градежни претприемачи во Фалуџа, ирачки град во кој главно живеат сунитски муслимани.