Брисел: Свечена церемонија по повод приемот на седум нови членки во НАТО

Во Брисел денеска се одржа свечена церемонија по повод приемот во полноправно членство во Алијансата на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија. На церемонијата пред седиштето на НАТО беа подигнати знамињата на овие земји со што и официјално Алијансата го одбележа своето проширување од деветнаесет на дваесет и шест држави. Министрите за надворешни работи на новите членки, во текот на денов, како што е најавено, ќе имаат разговори со американскиот државен секретар Колина Пауел. Во Брисел денеска ќе биде одржан и состанок на Советот, НАТО Русија. Состанокот ќе биде посветен на акцијата на Алијансата во Авганистан, на напорите за сузбивање на светскиот тероризам и на ситуацијата на Косово.