Багдад: Загинаа петмина војници на сојузничките сили

Петмина војници на сојузничките сили во Ирак загинале денеска кога нивното возило нагазило на мина западно од Багдад, во таканаречениот сунитски триаголник. Досега не е соопштено од која националност биле војниците. Претходно во експлозија на автомобил бомба во Бакуба, како што јавуваат агенциите, најмалку дванаесет лица биле ранети.