Лондон: Почина легендардниот радио водител Алистер Кук

Денеска на 95 годишна возраст почина легендарниот британски радио новинар Алистер Кук. Тој го водеше најдолгото досега емитувано шоу на Би Би Си ,, Писмо од Америка,, Кук беше и телевизиско лице прославувајки се со емисијата ,, Америка на Алистер Кук и Омнибус со што го смени ликот на американската телевизија. Во интервјуто во 1997 Алистер Кук рече дека многу рано во својата кариера сфатил дека без разлика за што зборува, новинарот секогаш кажува приказна. Ако сте досадни и кажувате глупави реченици луѓето имаат право да ве исклучат.