Приштина: Посета на американскиот државен потсекретар Марк Гросман

Американскиот државен потсекретар Марк Гросман денеска во Приштина ќе разговара со меѓународните и со локалните власти за најновиот развој на ситуацијата на Косово. Се очекува да бидат разгледани последиците од последните насилства во кои 28 лица загинаа, над 600 беа повредени, а околу 3 илјади и 600 срби беа протерани од своите домови.