Рим: Четири часовен генерален штрајк на сите вработени

Во Италија се одржува 4-часовен генерален штрајк на сите вработени, освен во болниците и аеродромите, во знак на протест против владиниот план за реформи во пензискиот систем, според кој правото на пензија наместо со 35, ќе се стекнува со 40 години работен стаж. Италијанската влада смета дека ваквите реформи се неопходни поради големиот дефицит и порастот на постарата популација во земјата.