Вашингтон: Поранешниот советник на Буш за контра тероризам обвинува

Поранешниот советник на американскиот претседател за контра тероризам Ричард Кларк ги обвини Џорџ Буш и неговите соработници дека ги потцениле терористичките закани што доаѓале пред нападите врз Америка. Кларк во сведочењето пред Федералната комисија која ги испитува овие напади, исто така изрази уверување дека американската инвазија врз Ирак ги поттикнала непријателите на Америка што придонесло за слабеење на војната против тероризмот.