Атина: Новата десничарска влада доби доверба во парламентот

Новата, десничарска Влада на Грција синоќа ја доби довербата во Парламентот. Премиерот Костас Караманлис вети подобрување на животниот стандард на граѓаните, вработувања и повисок калитет на здравството и образованието, а меѓу другото, соопшти и дека ќе побара помош од НАТО за зајакнување на безбедноста за време на престојните летни олимписки игри во Грција.