Ерусалим: Израелските сили на највисок степен на готовност

Израелските безбедносни сили се на највисок степен на готовност поради најавата од палестинските милитантни фракции дека ќе се одмаздат за убиството на духовниот водач на Хамас – Ахмед Јасин. Според извештаите од Израел, автобусите и јавните места во градовите се речиси празни. Обединетите Нации, Европската Унија и повеќе држави го осудија убиството на Јасин, а Соединетите Држави изразија загриженост од ново-настанатата ситуација, но не се придружија кон осудата.