Газа: Убиен духовниот лидер и основач на Хамас

Денеска во Газа е убиен духовниот лидер и основач на радикалното палестинско движење ХАМАС Шеик Ахмад Јасин. Израелската војска потврди дека Јасин бил убиен во ракетен напад додека со инвалидска количка излегувал од џамијата во квартот Сабра во Газа каде што присуствувал на утринска молитва. Нападот бил извршен кога еден хеликоптер истрелал три поектили пред влезот на џамијата при што загинале уште седум лица. По веста за загинувањето на Јасин десетици илјадници палестинци излегоа на протести. Претставници на ХАМАС веднаш се заканија со одмазнички напади. Тоа ќе биде отворена војна, изјави лидерот на оваа група Абдел Азис ал Рантиси. Палестинскиот лидер Јасер Арафат поради денешното убиство прогласи тридневна жалост.