Белград: Ден на жалост во Србија и Црна Гора

Во Србија и Црна Гора денеска е Ден на жалост во спомен на жртвите на насилствата во Косово. Властите во Белград ги повикаа медиумите да ја усогласат програмата согласно ваквата одлука. Ден на жалот утре ќе има и на Косово. Во соопштението што денеска го издаде Кабинетот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, се наведува дека 22 март ќе биде Ден на жалост во Косово во чест и спомен на граѓаните кои го загубија животот во минатонедените насилства