Пекинг: Кина ги обвини властите во Тајпеј за водење антинародна политика

НР Кина во првата официјална реакција по вчерашните претседателски избори во Тајван, а особено по несупешниот референдум за обновување на дијалогот меѓу Пекинг и Тајпеј, ги обвини тајванските власти дека водат антинародна политика. Во соопштението што го издаде Одделот за Тајван на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија, се наведува дека „самоволното спроведување на т.н. мирен референдум е провокативен обид на т.н. тајвански власти да се поткопаат односите на двете страни од Тајванскиот морски теснец и да се раздели единствената татковина“. „Референдумот беше организиран за да заврши без успех, што е спротивно на волјата на народот. Секој обид да се издвои Тајван од Кина е осуден на неуспех“, се додава во соопштението. Референдумот за обновување на преговорите со Кина, како што соопшти тајванската Централната изборна комисија, не успеа поради недоволниот одзив на гласачкото тело.