Индија: Разочараност по соопштувањето на САД дека Пакистан е клучен сојузник надвор од НАТО

Индија соопшти дека е разочарана што Вашингтон не и соопшти пред да го прогласи Пакистан за клучен сојузник надвор од НАТО со што Исламабад ќе добие специјален воен статус. Инаку односите меѓу нуклеарните ривали Индија и Пакистан се подобрија во последно време по тензиите околу поделениот Кашмир.