Тајван: Завршија претседателските избори

Во Тајван денеска завршија претседателските избори. Агенциите јавија дека гласале и претседателот Чен шуи биан и потпретседателката Анет Лу кои вчера беа полесно повредени во вчерашното пукање врз нивната колона. Главен противник на актуелниот претседател е Лиен Чан од опозиционата Куоминтанг партија која се залага за итна независност од Кина за која Тајван е нејзина провинција.