Скопје: Чешкиот премиер Шпидла во посета на Македонија

Премиерот на Чешката Република Владимир Шпидла денеска треба да допатува во повеќедневна посета на Македонија, на покана на неговиот македонски колега Бранко Црвенковски. Премиерите Црвенковски и Шпидла, првенствено ќе ги разгледаат можностите за подобрување на економската соработка на билатерален план.