Женева: Сесија на Комисијата за човекови права на ОН

Во Женева започна 6 неделната сесија на Комисијата за човекови права на Обединетите Нации. Главна тема е нарушувањето на стандардите на човековите права во светот по нападите врз Соединетите Држави на 11 – ти септември 2001 година. На состанокот ќе зборува и шпанскиот мибнистер за надворешни работи Ана Паласио. Нејзиниот говор доаѓа по нападите во Мадрид минатиот четврок. Во Женева ќе се дискутира и за загриженоста за човековите права во Чеченија, Белорусија, Туркменистан, Ирак, Северна Кореја и Кина.