Вашингтон: Изјава на Буш за шпанската телевизија

Американскиот претседател Џорџ Буш за шпанската телевизија изјави дека не е исклучена ниедна опција околу одговорноста за терористичкиот напад во Мадрид и најви американска помош во фаќањето на сторителите. Страхувањата дека зад нападот, во кој загинаа околу 200 луѓе, стои некоја екстремна исламска организација поврзана со Ал Каида, доведоа до воведување засилени мерки за безбедност во цела Европа.